Раде за славните пријатели: „Станаа затвореници на сопствениот живот“

Хрватскиот прославен актер и музичар го прошета светот, постигна успешна кариера во Холивуд, но дома сепак му е најубаво.

Иако многу млади актери сакаат светска кариера, Раде Шербеџија не гледа на својата кариера со симпатија и смета дека во Холивуд не успеал „финансиски“.

Screenshot_10

„Не се вбројувам меѓу луѓето кои во Холивуд успеале финансиски бидејќи не сум бил во позиција да заработам големи пари. Имам заработено толку да можам пристојно да живеам со своето семејство, да јадам во добри ресторани, да имам добар стан, да ги школувам децата во приватни училишта. Тоа успеав да го направам, но тоа е просечно во однос на начинот на живот на луѓето во странство“, вели Раде за Story и додава: „Размислувајќи за колегите со кои имам работено, дружено и во чии домови сум бил, има нешто фасцинантно и убаво во она што тие можат да си го дозволат, од јахти и приватни авиони до најдобар третман каде и да одат, но страшно е што токму со тоа тие целосно ја изгубиле својата слобода и станале затвореници на сопствениот живот“, истакнува актерот Шербеџија.

Прочитајте и:  Зошто некои мегаѕвезди го напуштија Холивуд?

Screenshot_8

„Тоа е меч со две острици- славата и парите се добредојдени од една страна, но од другата е отров“, залкучува Раде кој сепак избира да биде „ѕвезда во малите луѓе“.

- Реклама -