Според обложувалниците Македонија ќе побдеди на Евровизија!

Во пресрет на најголемиот музички настан „Евровизија“, еуфоријата расте, а во обложувалниците веќе ги дадоа коефициентите за тоа која песна ќе биде победник на овогодинешното издание во Виена.

Засега, Даниел Кајмакоски со песната „Лисја есенски“ се наоѓа на првата позиција на ваквите листи и се смета за најголем фаворит на престојниот фестивал.

„ Македонија со години не и понуди на Европа комплетен претставник, кој може да конкурира за првите позиции. Даниел Кајмакоски е најголемото изненадување. Мене ми е фаворит и многу сум среќен што успеа да котира највисоко на рангот. Браво!“, вели евровизиски фан од Германија, за тамошните медиуми.

Даниел од преголема еуфорија деновиве замина за Охрид, каде што реши да се одмори бидејќи нема потреба повеќе да се подготвува.

„ Заминав да ги наполнам батериите“, изјави Кајмакоски, кој со нетрпение го очекува својот формален настап и свеченото доделување кога ќе го подигне македонското знаме и ќе ја покани Европа во салата „Борис Трајковски“.

За жал, ова е само една првоаприлска шега, со која сакавме да ви го разубавиме денот. Даниел не е во првата петорка и не важи за фаворит меѓу учесниците годинава. Сепак, му посакуваме голем успех и достојно претставување во Австрија, следниот месец.

- Реклама -