Розга одговори за „тајната“ врска со Милан

Иако одговорила на гласините, српските медиуми и понатаму пишуваат за наводната врска со поранешниот на Северина.
Популарната пејачка Јелена Розга веќе некое време ја следат гласини дека е во тајна врска со српскиот бизнисмен. Откако минатата година ги негираше истите, српските медиуми последните неколку дена повторно ги започнаа гласините за нејзината врска со Милан Поповиќ. Но, популарната хрватска пејачка овој пат одлучи да одговори на гласините преку својот Фејсбук профил и јасно дала до знаење дека гласините се лажни.

„Вистината има само едно лице… и кога веќе писмено прашавте, драги извори на денешните „вести на денот“ и добија посмен одговор дека информациите се НЕТОЧНИ, не ли мислите дека е неморално да не се спомне мојот ДЕМАНТ, туку така безгрижно да се врти грб на вистината… затоа што, повторувам, вистината има едно лице“, објавила одлучно пејачката.

Јелена не крие дека сака да стане мајка, но очигедно таткото на нејзиното дете нема да биде поранешниот не Северина.

- Реклама -