Со славата доаѓаат и многу опасности, а на своја кожа тоа го осети и популарната пејачка Лепа Брена.
Една од најголемите ѕвезди во регионот се сеќава на непријатното искуство од 2000-та година. Лепа Брена уште еднаш проговори за киднапирањето на синот, но најмногу ѝ смета што случајот сè уште не е решен.
„Секој живее со своите успеси и со своите порази. Тешко е да го прифатиме тоа и Боби и јас, луѓе кои сме стекнале сè со своја работа и труд, што во оваа земја сите киднапери да бидат откриени, освен оние киднапери на нашиот син Стефан. Нема им е срам на оние чија работа беше тоа“, вели вознемирената пејачка за српската емисија Ексклузив.
Дека киднапирањето и понатаму ја мачи е очигледно.
Верувала дека такви работи се случуваат само во филмовите, или пак, на големи светски ѕвезди. Тоа беше наша голема лекција, да бидеме многу внимателни. После тоа, мојот живот многу се промени, од тогаш се разболев, а и денес се лекувам. Кога ќе се случи нешто такво, веќе никогаш не можете да бидете апсолутно здрави како некогаш“, рекла Брена.