Верица Ристевска, Зорица Поп Панкова и Даниела Панчетовиќ ќе ја добијат „Златна бубамара на популарноста“ за животно дело.
Наградата им се доделува за нивниот придонес и траги во македонската забавна музика.
Овој убав и свечен миг ќе не однесе во носталгичен музички времеплов од среќните и безгрижни 70 ти години кога трите диви и заедно и со соло кариера ги пееа големите хитови на македонската забавна музика… „Диско пар има еден“ , „Галеб тажен“ , „Ми подаваш рака“ , „Ти си песна што ќе трае“ итн .
Македонија ја има Најпрестижната награда во регионот и најзабавното шоу кое се памети и прераскжува со години.
Оваа година„ Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи со препораката за вистинскиот лек : „Насмевка и здрава храна , затоа да ги следиме препораките и да не мрсиме многу, многу“ . Осумаесетотото издание ќе се оддржи под мотото „Смеете да се смеете“.
фото: Утрински