Таа е најпознатата Босанка на светот, припадничка на џет-сетот, се дружи со ѕвезите, но и несебично помага на оние на кои им е потребна помош.
Санела Дијана Џенкис е најпознатата Босанка во светот. Неодамна изјави дека размислува за тоа да се кандидира за претседател на Босна и Херцеговина.
За магазинот „Грација“ ја објаснила својата изјава, „Политиката може да биде мојот нов предизвик. Имаше и такви размислувања и разговори со пријателите, но изборите беа неодамна па ќе ги следиме настаните во следните четири години. Политиката не ми е потребна за да доживеам нешто што досега не сум. Ако проценам дека можам да дадам придонес со своите контакти, знаење и искуство, тогаш може да биде една од опциите. Ако почнам да се занимавам со политика, тогаш ќе одам до крај, а на крај е претседател“. Скромно изјавила оваа убавица.
Санела Дијана Џенкис е родена во Сараево како Санела Чатиќ, таму израснала и завршила економски факултет. По избувнување на војната во Босна, таа се преселила во Хрватска а потоа оди во Лондон и отвара компанија за изработка на костуми за капење.
Го запознава 300 милиони „тешкиот“ банкар Роџер Џенкинс и се мажи за него. Со тек на време отвара се поуспешни компании а повеќето пари ги троши во доброволни цели.
2009-та година ја издава книгата „Room 23“ која содржи портрети на многу познати личности. Од тогаш е задолжителен ден од светскиот џет-сет.
Најдобри пријатели ѝ се Елтон Џон, Синди Крафорд и Кид Рок. Одморите ги поминува со Џорџ Клуни и поранешниот маж на Мадона, Гај Ричи.
Кога пред три години се развела од сопругот, медиумите нивниот развод го прогласиле за „најпријателски“. Од него добила половина богатство, поточно 150 милиони фунти. Со тој капитал стана една од 500-те најбогати личности во Велика Британија. Сепак, останале многу добри пријатели, а имаат и две деца.
Веќе долго време го привлекува вниманието на хуманитерната работа во Босна и Херцеговина, а и во целиот свет.