Откриена тајната за добриот изглед на Северина

Северина секојдневно со вежбање води грижа за своето здравје.

Одржувањето на добра форма и грижата за сопственото здравје, се секојдневие со кое се среќаваат многу ѕвезди ширум светот. Не е изненадувачки  тоа што Северина како најголема пејачка ѕвезда на Балканот, секојдневно води грижа за своето тело и сака секогаш да биде физички подготвена за своите бројни обврски.

Колку е успешна во својата долгогодишна грижа за сопственото здравје и на кој начин ги апсолвирала сите елементи на вежбањето, покажуваат и фотографиите на кои Северина без никакви проблеми изведува најтешки вежби како стој на глава, мост, но и низа други елементи што доаѓаат како логичен редослед на долгогодишната посветеност на вежбање и грижа за сопственото тело.

Покрај здравото вежбање, Северина внимава и на  внесувањето на доволно количество на течности во организмот, како во текот на вежбањето, така и во извршувањето на други бројни работни обврски.

2 3 4 5

- Реклама -