Oткриена вечната екс-ју тајна: Кому е посветена „Не дај се Инес“

Легендарниот хрватски кантавтор Арсен Дедиќ открива после долги години како настанал текстот на популарната песна „Не дај се, Инес“ и најважното – Која е Инес?

Инес е вдовица, таа нема деца и живее во Милано, за започнува Дедиќ својата животна приказна.

„Таа се занимаваше со вајарство, Инес живее во Милано и е вдовица без деца. Никогаш ниту за момент не ме напушти. Ми направи една бронзена биста, пет поштари ја носеа, беше претешка. Речиси секоја година доаѓа, зема соба во хотелот „Еспланада“ и поминува во Загреб три, четири дена, за да ми биде во близина и да се видиме. Таа секогаш ме потсетува дека мојата песна ја обележала за цел живот“, раскажува тој.

„Еве, баш ми се јави Раде Шербеџија, да ме праша дали можам со него да настапам во април, бидејќи, секако, ќе ја изведува и „Инес“. Таа, значи, се уште не ме напушта во емоционална смисла, а со неа прекинав пред 51 година“, заклучил Дедиќ.

- Реклама -