Скандал во „Ѕвездите на Пинк“ – Харис пристигнал пијан на снимање

Додека Харис Џиновиќ испил половина литар алкохол, за време на снимањето на „Ѕвездите на Пинк“,  Мирослав Илиќ збеснал и сакал да го напушти студиото.

„Харис цел ден во студиото пиеше ракија од шише за вода. До крајот на снимањето испи половина литар. Толку се напи што не можеше да гледа“, вели извор од студиото, кој присуствувал додека се случувале расправиите.

Од друга страна, Мирослав бил бесен поради доцнењето. Почнал да вика и да се заканува дека ќе си замине, бидејќи толку доцнење не личи на ништо.

„Не ми е грижа за продукцијата, сега ќе си одам, а следниот нема ни да се појавам. Каков е овој начин на работа јас да седам и чекам веќе цел час?“, викал на сиот глас Илиќ, раскажува изворот за еден српски медиум.

- Реклама -