Северина е првиот…кој ќе биде вториот судија на X factor?

Откако сите се израдуваа на веста дека на пролет ќе започне нова сезона на регионалното шоу „X Factor“, сега сите со нетрпение чекаат да видат кој ќе се најде оваа сезона во улога на судии.

Вчера одекна информација дека Северина ќе биде првиот судија, а денеска веќе се шпекулира за  вториот.

Имено, се работи за српската пејачка  Јелена Карлеуша, која вечно го привлекува вниманието на медиумите со својата ексцентричност.

„Бидејќи емисијата ќе се прикажува во целиот регион, продукцијата сака во жирито да бидат ѕвезди од сите држави на поранешна Југославија. Јелена и Северина се ултра популарни, а се вклопуваат и во правилото дека идните ментори не смеат да бидат музичари кои таа улога ја имале во некој друг формат“ велат од продукцијата.

444

- Реклама -