Избран најголемиот македонски хит за 2014-та

„Тажна љубов, среќна песна“ , со која што  Тамара Тодевска се претстави на Макфест е прогласена за апсолутен радиски хит на седмото издание на македонскиот радиски фестивал МАРС.

Тамара доби и парична награда од 60.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година за свој солистички концерт.

tamara

Публиката гласаше за „Мандарина“ на Влатко Лозановски, што му донесе 30.000 денари и исто така бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година за свој солистички концерт.

марс-1

Наградата за „Најдобар текст на песна“ ја освои Игор Џамбазов, како автор за „Тажна љубов, среќна песна“, а паричната награда е 10.000 денари.

Најдобар радиски хит од машки вокал доби пејачот Димитар Андоновски за песната „Само тоа го можеш ти“, а Сара Мејс доби награда за најдобар хит од женски изведувач за песната „Врне, врне“.

dimitar s

Даниел Кајмакоски доби специјална награда за  „Идол на нацијата“.

d

Фото: Телеграф

 

- Реклама -