Елена Ристеска, како дел од учесниците во шоуто „Твоето лице звучи познато“, со секоја емисија се повеќе наликува на ѕвезда од светски калибар.
Во најновата емисија таа ја имитираше поп дивата Џеси Џеј и тоа го направи умешно и секси.
Елена беше облечена во кратко фустанче кое и прилегаше совршено на нејзината витка фигура.
Во следната епизода, нашата пејачка ќе биде Есма Реџепова. Очекуваме да биде интересно.
Во продолжение можете да го проследите нејзиниот настап.