Сите детали за „Мис Македонија“ – Кој се занимава со проституција, кој со кого легнал?

Изби огромен скандал со „Изборот за Мис на Македонија“, откако  Ристо Димовски, човекот кој се претставува како бизнисмен од Австралија и македонски активист, менаџер и промотор, а кој пред неколку дена беше промовиран како нов организатор на „Мис на Македонија за мис на светот“, веќе наредниот ден беше избришан од листата.

Имено, тој по повод остранувањето од листата на организатори, и го возврати ударот на Лидија Велковска, сопственичка на лиценцата за учество на Македонија на светскиот избор.

Таа вчера испрати демант во кој се огради од изјавите на Димовски дека ќе ги организира или дека ќе има какви и да е влијанија врз процесот на изборот. „Постои основан сомнеж дека тој ќе соработува и со агенции кои се занимаваат со елитна проституција, па според тоа ние се оградуваме од соработката со овој австралиски бизнисмен!“, напиша Велковска во својот демант.

Ристо Димовски и Велковска

Ристо Димовски по тој повод свика прес-конференција на која што не одбираше зборови со кои ја „почести“ неговата довчерашна пријателка, која „го изманипулирала и го искористила како џокер, за на крајот да го фати во нејзините стапици“.

– Лидија Велковска, нема да ја наречам госпоѓица бидејќи не е, таа е единствената проститутка тука, таа среде ноќ ми дојде во станот во Охрид, спиеше со мене за 2.400 евра. Таа е манипулатор каков што Македонија досега не видела, ни ќе види – со овие и уште полоши зборови бизнисменот Ристо Димовски им се обрати на медиумите на денешната прес-конференција по повод сите случувања деновиве околу организацијата на „Мис на Македонија“.

velkovska
Велковска

Несудениот организатор на „Мис на Македонија“ од Австралија одржа заедничка прес-конференција со Мики Црнокрак, сопственик на модното студио „Црнокрак“, за кое Велковска во изминативе денови изнесе обвинувања дека се занимава со недозволени активности. „Не би ги коментирал нејзините обвинувања – зарем би постоеле олку години ако сме се занимавале со такви работи?!“, рече Црнокрак, објаснувајќи ја долгогодишната работа на неговото студио и потсетувајќи дека до денеска испратиле околу сто претставници на разни интернационални избори, а поседуваат лиценци за 27 избори низ светот. Димовски изјави дека заедно со Црнокрак ќе одат директно во Лондон да се обидат да ја земат лиценцата за учество на Македонија на Мис на светот.

Мики Црнокрак

По тој повод Црнокрак и Велковска се соочија на вестите на Сител. Еве како изгледаше тоа:

- Реклама -