Четири лица на возраст од 26 до 56 години, се осомничени за кривичните дела „Злосторничко здружување“ и “компјутерска измама”, откако изби скандалот поврзан со местенки на телевоутингот на изборот за песна на Евровизија.
Меѓу нив се сопственик на една продукциска куќа, автор и композитор на песни, како и сопственик и управител на друштвото кое го организира телефонското гласање.
Со оглед на тоа што паричните средства ги финансира „Министерството за култура“, била спроведена акција за оние кои што наводно, направиле штета.
„Според презмените мерки беше утврдено дека лицата организирано и координирано спроведуваат низа активности, на начин што истите подготвуваат СИМ картички и телефонски уреди, за да можат во периодот на гласањето да испратат поголем број на СМС пораки кои би влијаеле при изборот на првите три места на музичкиот „СКОПСКИ ФЕСТИВАЛ 2014“. Крајната цел на групата била да делува на резултатаите од гласањето, односно поделбата на фондот наменет за награди кој е обезбеден од страна на Министерството за култура во вкупен износ од 45.000 евра, а преку тоа влијаеле и на конечниот пласман на учесниците во фестивалот“, соопшти МВР.
При претресот биле најдени 2.500 СИМ картички со назнака, за Скопски фестивал, сокриени во фрижидер.
Досега ниту еден од изведувачите не е повикан на сослушување, a oсомничените решиле да се бранат со молчење. Дополнително, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.
Она што се прашуваат сите е дали ќе се поништи фестивалот?
Од МВР велат дека не можат да влијаат на прегласување бидејќи тие не се организатори на фестивалот. Значи, таа одлука би требало да ја имаат МРТВ откако ќе се расчисти случајот.