Неда Украден хистерична: Не сакам веќе да бидам маж!

Српската пејачка, Неда Украден, направила скандал за време на снимањето на шоуто „Твоето лице звучи познато“, откако на тастерот повторно извлекла маж за имитација.

Незадоволна од тоа што нема да биде жена, започнала да се расправа со продукцијата дека некој намерно и ги мести машките улоги.

-На Неда не и беше драго кога го доби првиот машки лик, но некако ја проголта кнедлата. Потоа следеше ладен туш кога ја доби имитацијата на Бора Чорба. Иако негодуваше во гардеробата и пред продукцијата, преостанатите колеги ја тешеа велејќи и дека е уметник и дека ќе го изведе тоа како што треба. Сепак, кога и за следната емисија доби маж за имитација, пејачката одвај се воздржи да не направи хаос! Мислам дека се воздржа поради публиката за да не направи скандал, вели извор од продукцијата на проектот.

Според истиот извор пејачката плачела и им се жалела на преостанатите натпреварувачи дека некој намерно и ги мести имитациите на мажи бидејќи знае дека тоа ја нервира.

-Што ми требаше ова! Кој ѓавол ме натера да го прифатам ова и да дозволам секој да ме гази и нервира, наводно рекла Украден.

Со цел да ја смират целата ситуација од продукцијата биле принудени на снимањето да ги повикаат нејзините внуки кои некако успеале да и го подобрат расположението на видно вознемирената пејачка.

- Реклама -