Што ќе рече Цеца? Вељко Ражнатовиќ во гаќи на тетовирање

Синот на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, повторно се тетовира.

Овој пат, тетоважата ќе се најде на неговата лева нога.

„Почнуваме!“, напишал Вељко под фотографијата која ја објавил на својот Фејсбук профил, а на која се гледа како лежи и чека тату-мајсторот да почне да тетовира.

Наместо да е на факултет, Вељко решил времето да го помине на „поквалитетен“ начин. А што ли мама ќе каже на тоа, останува да видиме.

Инаку, ова ќе биде негова трета тетоважа. Првата ја посветил на својата тетка Лидија чие име го истетовирал на градите, а втората ја посветил на својата сестра Анастасија и тогашна девојка Маша.

Дали оваа трета тетоважа ќе ја посвети на новата девојка, ќе видиме кога ќе биде готова истата.

- Реклама -