Поранешниот сопруг на Гоца Тржан, Иван Маринковиќ го претепала „многу позната личност“, чиј што идентитет не сака да го открие.Ученикот на „Фарма“ Иван бил нападнат во тепачка во центарот на Белград. Поранешниот сопруг на Гоца потврди дека бил „претепан и удиран по колената“, но и дека го познава напаѓачот.
„ Вистина е, пред очите на многу луѓе бев претепан, од страна на позната личност која повика уште петорица со метални шипки, да ме тепаат до изнемоштеност. Имам сериозни повреди кои не се пријатни за гледање. Се е предадено на надлежните, па се надевам дека некој ќе умее да се справи со вакви идиоти, платеници и манијаци. Вознемирем сум и тешко одам“, вели Маринковиќ.
Дали ова се случило поради Гоца не знаеме, но знаеме дека неодамна пејачката беше вклучена во инцидент на тепачка пред нејзината куќа, меѓу нејзиниот поранешен и актуелен дечко.
Прочитај повеќе: Се степале поради Гоца Тржан