Харис Чато доживеал сообраќајна несреќа, откако автомобил удрил во него на улица во Сарево.За среќа младиот пејач кој го запознавме на X Factor не е тешко повреден.
„Несреќата се случи на мојата улица во Сараево. Среќа што улицата не е фреквентна, а шоферот возеше бавно, па не завршив страшно. Не видов дека автомобилот ми се приближува, бидејќи слушав музика на слушалки . Имам повреда на раката модринки на нозете, вели Чато за Блиц.
Тој додава дека сега е добар и тргнал на училиште.
Харис Чато освен по првата фантастична аудиција на X factor, е познат и по тоа што во текот на целото шоу пееше со повредена нога, откако ја шина за време на шоуто.