Транвестит од Косово стана ѕвезда

Косовска музичка ѕвезда Кујтим Шеху, а сега Едона Џејмс, ќе остане запишана во историјата на својот народ како првиот албанец кој јавно признал дека го сменил полот.
– Јас сум од Сува Река, но пораснав во Германија, каде емигрирав кога имав 6 години. Родена сум како машко, но во главата бев женско. Од детството мислев како жена и живеев како жена. Секогаш мислев дека сум женско- рекла Едона, родена како Кујтим.

Едона, која тврди дека има 24 години, полот го сменила во Германија, и вели дека никогаш повеќе нема да се врати во Сува Река. Таа вели дека потекнува од конзервативно албанско семејство кое сакало тој, како син, да има што повеќе деца. Биле шокирани поради оваа одлука, но вели дека семејството на крај сето тоа го прифатило.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

– Имав проблеми во школо, но сигурно помалку отколку би имала ако растев во Косово. Германците не се примитивни, но сепак имаше тешки моменти. Никогаш не сакав да правам она што момчињата го правеа, одбивав да играм фудбал и облакав кукли.

- Реклама -