Кики Лесендриќ разочаран: Не би сакал да соработувам со Илма

 

Илма не се појави на 8-мо мартовскиот концерт на нејзиниот ментор во Тузла, иако била најавена како специјална гостинка.

Поранешната натпреварувачка на X Factor Илма Карахмет не се појави на концертот на Кики Лесендриќ.

Лесендриќ најпрво тврдеше дека Илма е неправедно елиминурана од натпреварувањето, но го промени мислењето откако ги виде гласовите на публиката.

„ Гледачите гласале за Маид. Очекувањата на родителите на Илма беа преголеми. Тие сакаа прва награда. Илма е навистина талентирана, но првото место не беше реално кога ќе се погледне бројот на гласови. Од кога гласа публиката, секогаш некој друг има повеќе поени од неа. Не сум во контакт со Илма. И бев ментор, но сега е препуштена сама на себе. Таа е последната со која што би работел. Едноставно, немам музика за нејзиниот глас“, смета Кики.

- Реклама -