Oткажан големиот концерт на Кики Лесендриќ

Многу прашалници останаа отворени околу прашината што се крена за концертот на Кики Лесендриќ и дел од учесниците на X factor.

Најпрво се појави најавата заедно со овој плакат.

Потоа продукцијата изјави дека концертот ќе биде на Кики со полоти и неговите ученици на X factor: Тамара, Александра и Илма.

arena

За на крајот концертот да биде сосема откажан, наводно, поради  големото Супер финале на X Фактор во Комбанк арената во Белград на 23.03.2014.

BC8F85B34CC45A4B94AC0B132D75D7BA

Кики Лесендриќ одлучи својот концерт на 14.03.2014 во Скопје во спортската арена Борис Трајковски да го откаже за средината на мај 2014 и да подготви спектакуларен концерт со сите финалисти на X Фактор и специјалните гости, како што тоа Македонија всушност го заслужува.

1024x1024_1835-gal-1389131553-X_Faktor_finalisti

-Македонија се покажа како најголем љубител на X Фактор во регионот, и во оваа прилика МБК Продукција сака да ги повика сите гледачи да ги подржат суперфиналистите на X Фактор Адрија на закажаното супер финале на 23 март во Комбанк арената во Белград. Влезниците во Македонија може да ги купите во: туристичките агенции Папилон, Атлантис, како и во Југотон и Еxtreme Ентертаинмент, велат од продукцијата.

Да се слушнат во живо легендарните Пилоти е прекрасно искуство. Едвај чекаме!

- Реклама -