По скандалот што се случи меѓу двајцата водители на X factor, продукцијата и се извини на Ана за непријатностите, а со свој став се појави во медиумите и Славко.
Имено, откако излезе во јавноста дека Славко со навреди ја пречекал водителкта по завршувањето на шоуто и за малку не ја нападнал, продукцијата и се извини на Ана за непријатностите.
Во меѓувреме Славко се појави со следната изјава:
Помеѓу мене и Ана се случи еден конфликт. Имено, јас требаше пред лајвот да имам проба. Се доцнеше, а во мигот кога јас дојдов на ред, се појави Ана, почна да вика по вработените, беше хистерична, викаше дека ако не започне нејзината проба ќе го напушти шоуто…. Љубезно ја замолив да почека да завршам со пробата, а таа почна да вика :„Тргнете ми го овој манијак од сцена!“. Ја прашав во што е проблемот, каков манијак, а таа избега од бината, го повика обезбедувањето, се однесуваше како дива. Јас не сум некој кој би нападнал жена, јас во животот не сум се степал, а не дај господе па да нападнам жена. Таа има големи проблеми сама со себе. Јас ништо лошо не и направив, последен пат пред таа емисија ја видов пред четири недели кога љубезно се поздравивме. Точно е дека во една изјава спомнав дека прави многу грешки додека ја води емисијата, но наместо да станува подобра таа од емисија во емисија стануваше се полоша. Ја сретнав и по емисијата и понудив ако сака да дојде кај мене на часови по дикција.“, кажал Славко.