Наташа Беквалац настапи во ревијалниот дел на ’X Faktor’. Освен песните, пејачката ја промовираше и новата фризура.
Најголемо внимание привлече нејзината истапирана фризура. Пред настапот на пејачката, Твитер бил ’опседнат’ со негативни коментари на нејзина сметка.
Со оглед дека Наташа од неодамна е повторно слободна девојка, бидејќи таа и манекенот и бизнисмен Владимир Вуксановиќ ја раскинаа веридбата, некои коментари беа на сметка на ’потрага по нов дечко’.
Српските медиуми го издвоија коментарот на Борис Триван:
„Наташа дојде да одбере нов дечко, сите знаеме дека со главната награда оди и Беквалац гратис.“