Ќе го расплаче цел Балкан: Даниел ќе ја пее „Љубави“ на Жељко

Како што спомнавме во неколку наврати, вечерва учесниците на X Factor ќе пејат песни од своите ментори, а Даниел вчера изјави дека ќе ја пее омилената песна од Жељко.

И која ако не прекрасната „Љубави“ со која што Жељко го потсети сиот Балкан на својата стара љубов.

Кандидатите Даниел Кајмакоски, Илма Карахмет, Лукијан Ивановиќ, Тамара Милановиќ, Маид Хечимовиќ и групата “Доктори” ќе се борат за пласман во суперфиналето пеејќи песни од своите ментори.

Вечерва на осмиот лајв  ќе дознаеме кои пет натпреварувачи ќе влезат во големото финале.

- Реклама -