Обожавателите не ја разликуваат реалноста од серија? Сулејман е тужен за убиство на синот?!

Откога во Турција е емитувала епизодата од серијата „Сулејман Величенствениот“, во која поради наредба на Сулејман умира принцот Мустафа, продуцентите ги расплакаа гледачите.
Можевме да го спасиме Мустафа! Кој маж мирно гледа додека приврзаниците му го дават синот, вели еден обожавател кој веќе ангажирал адвокати кои на суд во Истанбул ќе поднесат тужба.

Само на Фејсбук добиле повеќе од 150.000 пораки, а сцената на давењето била толку драматична што го довела до солзи и Халит Ергенч(43), кој како Сулејман требало да одглуми ладност и индиферентност.

– Кога Мустафа рече “татко“, не можев да се воздржам. Заплакав и моравме одново да снимаме- признал главниот актер. Продуцентите веќе изјавиле дека очекуваат бурни реакции бидејќи во цената во која таткото го осудува синот на смрт била многу вознемирувачка, но вистинската тужба за убиството сите ги шокирала.

Прочитајте и:  „Вкусот на Турција“ во Скопје

Обожавателот на серијата Хасан Кос (47) толку многу се вознемирил поради смртта на принцот што од Халит ќе бара оштета за душевна болка која ја претрпеле гледачите на драматичната епизода на историската серија. Смета дека актерот е директно одговорен за смртта на ликот.

– Изгубил допир со реалноста. Тој е убеден дека ликовите живеат денес и не може да му се докаже дека станува збор за минато и историја- велат продуцентите.

Проблеми со обожавателите кои се премногу соживеани со серијата имала и Мирјем Узерли (31). Оригиналната Хурем минатата година, додека излегувала од ресторан, ја удрила жена. Таа рекла дека не и се допаѓале сплетките кои ги правела Хурем во серијата.

- Реклама -