Даниел Кајмакоски ќе ги освојува срцата со СВОЈ албум

Иако неодамна се појави на сцената на популарното шоу X factor, Македонецот Даниел веќе е познат ширум Балканот.

Тој не чека воопшто, па реши својата популарност да ја зацврсти објавувајќи го својот прв албум.

Имено, Телеграф пренесува дека тој досега снимил дури 10 песни, кои ќе се најдат на неговото остварување.

Сепак, без разлика дали ќе победи Даниел вели дека албумот ќе види светло.

Десетте песни се снимени во продукцијата Џубокс груп во Скопје, а Даниел уште после својот прв настап на Х Фактор почнал да го подготвува албумот, снимајќи ги песните.

Како еден од неговите соработници се јавува и раперот Тони Зен.

- Реклама -