Илма не разбира македонски…

Илма Карахмет ги насмеала сите во “X Factor”!
По нејзиниот настап, зад сцената македонската водителка ѝ поставила прашање на Илма, на македонски јазик; „Дали мислиш дека конкуренцијата е фер со оглед на твојата возраст?“

Илма само одговорила: „Не сфаќам“. Ова беше проследено со смеа од присутните, но и на оние од пред „малите екрани“.

Инаку, од кога е почнат “X Factor” многумина од српската јавност се жалат на честата употреба на македонскиот јазик во шоу-програмата. Гледачите често оставаат коментари на Фејсбук, Твитер каде се жалат на ова прашање, затоа што, како што коментира српскиот медиум Blic: „секако, никој ништо не разбира“.

- Реклама -