Joксимовиќ ќе ми помогне во кариерата

Маја Новаковиќ , ќерката на музичката легенда Љубиша Стојановиќ Луис која во вторникот вечерта го напушти X faktor истакна дека ќе продолжи да гради музичка кариера, а воедно ќе продолжи да се советува со својот ментор Жељко.– Не бев рамнодушна, кога ми кажаа дека го напуштам натпреварот, некако имав измешани емоции. Бев тажна, но од исто време почуствував и олеснување дека ќе имам време за семејството. Коментарите на жири комисијата беа конструктивни, а сега планирам да се посоветувам со Жељко и со својата фамилија за тоа кои се најдобрите планови за мојата музичка кариера, вели Маја.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината
- Реклама -