Нова радост за сите: Се појави ново видео на кое Тоше ја пее „Молитва за Магдалена“

Никогаш нема да го заборавиме, а за среќа честопати знаеме да се израдуваме од срце кога ќе слушнеме и дознаеме за некое необјавено видео од неговата богата ризница на изведби.

Овој пат се работи за видео на кое Тоше ја изведува познатата „Молитва за Магдалена“ од Оливер Драгоевиќ. Видеото е објавено на Јутуб еден ден пред нова година за време на неговата промоција на албумот „Пратим те“ во Хрватска.

- Реклама -