Хрватската манекенка Александра Грдиќ проговори за елитната проституција

Успешната хрватска манекенка и некогашна мисица Александра Грдиќ, по неколку години шпекулирања, јавно проговори за обвинувањата за поврзаноста со елитната проституција.

– За тоа толку многу се зборува, а јас можам да кажам дека сето тоа станува бајка. Како што се зборува до сега би имала 20 замоци, 50 ферариња, три хотели и не би седела тука, туку би била на Малдивите- рекла Александра за медиумите.

Александра коментираше за светот на моделството дека не е толку сјаен како што повеќемината мислат.

– Moже да се каже дека многу луѓе ме разочараа, тоа е толку лицемерно. Се е некако лажно кај нас, наводно сите се супер, а всушност никој не се сака, ретко кој се шегува- признава триесетгодишната убавица.

Прочитајте и:  Брнабиќ: Вучиќ беше очаен што фудбалската репрезентација отпатува на ЕУРО 2024 со хрватски авион

Признава дека сака да се дружи со момци, бидејќи постојат многу заеднички интереси кои ги дели со нив.

– Се дружам со момците затоа што го обожавам спортот, обожавам фудбал и кладилници, сакам добри автомобили, но не кога други ги возат, него кога јас ги возам. Дали момците биле непријатни кон мене? Па имало и такви, има и такви без култура, ни обзир, па знаат да направат сешто, не да кажат, туку да имаат глупав испад- се пожали поранешната мисица.

- Реклама -