X Factor: Луцијан, Алекс, Харис, Тамара, Илма и Александра во финалето!(ВИДЕО)

Од сите 24-ца, првите шест поминаа во следниот круг од натпреварувањето. Следната недела, Жељко и Кристина ќе ги изберат своите финалисти.
Во „X Facor“ започна новата фаза на натпреварувањето, „куќни судии“ каде од 24 натпреварувачи во две епизоди ќе бидат избрани само 12 кои продолжуваат понатаму. Во првата епизода Емина и Кики имаа тешка задача како ментори да одберат по тројца кандидати од својата група.

Foto: TV Pink

На почетокот на новата епизода, видовме натпреварувачите од групата „Мажи до 27 години“ си поминуваат во Истанбул, каде беа почесни гости на нивната менторка Емина Јаховиќ Сандал.

Foto: TV Pink

Во оваа група се најдоа: Стефан Коковиќ Алекс Перовиќ, Харис Като, Луцијан Ивановиќ, Петар Јојич и Милош Бајат. Повеќето од конкурентите за прв пат патувале со авион, па ова возбудливо патување сигурно ќе им остане во сеќавање. Откога овие талентирани млади луѓе поминаа неколку дена во Истанбул, се вратија во српската престолнина заедно со Емина Јаховиќ.

Foto: TV Pink

– „Целосното доживување заедно со „куќата на судиите“ беше феноменално! Мило ми е што кандидатите беа кај мене и навистина не сакав нивната прва посета на Истанбул да остане во лошо сеќавање, па затоа одлуката ја донесов во Белград. Се разбира, се ми беше полесно кога, како домаќин и ментор, го повикав својот сопруг кој има богато работно искуство. Мустафа многу ми помогна во клучните моменти“- изјавила убавата пејачка.
Секој натпреварувач се претставил со една музичка нумера, а Емина и нејзиниот сопруг Мустафа Сандал уживаа во секој од настапите.

Foto: TV Pink

Објавувањето на резултатите беше многу возбудливо, особено во случајот на Харис Като, кој се расплака од среќа.

Од групата на Емина „Мажи до 27 години“, во финалето на X Factor влегоа: Луцијан Ивановиќ, Алекс Перовиќ и Харис Като.

– „Долго време работам во шоу-бизнисот и не сум имал прилика многу често да видам вакво ниво на настапување. Мислам дека заврши совршена работа- рече Мустафа за Луцијан. Емина беше многу задоволна со напредокот на своите кандидати.

Kiki Lesendrić, Skot Mils, X Factor

Како гостин ментор Кики го повика Скот Милс, долгогодишен пријател и радио-водител од Велика Британија, кој му помогна да донесе правилна одлука. Скот беше одушевен од пејачките способности о ентузијазмот на поединци од натпреварувачите.

– „Имаш многу моќен глас- рекол Мил на Александра Брковиќ која настапи прва пеејќи балада на Јелена Томашевич. Меѓуто, имаше и од оние кои својот ментор Кики Лесендриќ го разочараа.

Foto: TV Pink

– „Кристина беше подобра предходно“- беше искрен Кики. Тамара се претстави со песна од Беби Дол и извлече насмевка од својот ментор.

– „Ниту малку не ми беше лесно да донесам одлука кои од овие девојки да одат во финале. Тие девојки навистина максимално се трудат. Знам дека не е лесно да се настапува пред само двајца луѓе. Скот Милс ми помигна многу- рече Кики.

Foto: TV Pink

Девојките влегуваа една по една за да ги чујат резултатите, и беше доста напнато и возбудливо. Во финале, од групата на Кики ќе ги видите понатаму: Тамара Милановиќ, Илма Карахмет и Александра Брковиќ.

Погледнете дел од настапите на финалистите:

- Реклама -