Минатиот викенд познатата српска старлета Сораја Вуќелиќ беше специјална гостинка во клубот „Мистик“ во Штип, а во една прилика, на изненадување на гостите, таа дури и запеа. Присутните освен што беа сведоци на необичната вокална интерпретација на Сораја, имаа и прилика да се фотографираат со неа.
Таа често добива ангажмани да се појави во разни клубови, каде само за нејзиното присуствување и се плаќа хонорар, но, како што дознава интернет порталот „Блиц“, нејзиното појавување во ноќниот клуб „Мистик“ чинело еднакво колку и ѕвездите кои ги ангажираат за да пеат.
Сораја се претстави пред Штипјани во краток и тесен сребрен фустан, кој одлично ги истакнуваше облините и сексипилот на познатата старлета.