Војна на старлети: Сораја и Станија се скарале за сепаре

Сораја не можела да поверува што и се случува кога одеднаш ја сместиле покрај нејзината најголема ривалка Станија.„Дали сте вие нормални?! Не ми паѓа на памет да седам до неа! Ако тоа место е наменето за мене, јасведнаш ќе го напуштам клубот”, викала нервозно Сораја во текот на отворањето на српскиот ноќен клуб „Gaucosi”, кога хостесите ја одвеле до местото каде што веќе удобно била сместена Станија, вели извор кој го проследил инцидентот.

Откако се вмешале и  менаџерите на клубот, Сораја била сместена на ново место, доволно оддалечено од сепарето на Станија.

„Не сакам кога некој ми одредува со кого ќе седам”, изјави Сораја за српските медиуми, додека Станија остана недостапна за коментар.

- Реклама -