14-годишник „растури“:„Не сум слушнала ни кај постари кандидати“

Харис Чато, 14-годишен кандидат од Сараево, на аудицијата за X Factor се најде меѓу бројните кандидати кои сакаат да имаат кариера во музичката индустрија.

Но, Харис Чато успеа да го импресионира жирито и да се издвои меѓу кандидатите. Во емисијата отпеа две песни и доби голема поддршка од публиката.

Воодушевената Кристина Ковач од жирито му рече:„Вие сте мојата „чаша чај“, имаш пејачка сигурност која долго време не сум ја чула ни кај постарите кандидати, апсолутно „растураш“ во пеењето“.

- Реклама -