Лепа Брена на Флорида се дружи со AC/DC

Српската фолкерка Лепа Брена ужива на Флорида со семејството, а имаше шанса да биде во друштво и на славниот Клиф Вилијамс од AC/DC.

Заедничката фотографија со Клиф, Лепа Брена ја објави на Facebook.

Брена замина во Америка да ги посети синови кои се образуваат на Мајами. Таа објави и неколку фотографии на профилот на Facebook и покажа дека одлично се забавува.

Лепа Брена го користи времето за вежбање јога на плажа
Лепа Брена го користи времето за вежбање јога на плажа

1383116_10151679451207343_1086715654_n

За оние кои не знаат AC/DC се австралиски хард рок бенд што во 1973 година во Сиднеј го основале браќата Малколм и Ангус Јанг. Се сметаат за пионири на хеви металот заедно со Led Zeppelin, Deep Purple и Black Sabbath.

- Реклама -