Срамота: Аца Лукас ја исмеа Карлеуша

Аца Лукас нема добро мислење за пеењето на неговата колешка Јелена Карлеуша. Тој искритикувал една учесничка во шоуто „Ѕвезде Гранда“ велејќи и дека фалширала и дека звучела како неговата колешка и другарка Јеца.

Како што пишува Alo.rs видно неталентирана девојка се пријавила на реалното шоу „Ѕвезде Гранда“, а сите членови на жирито го стиснале татсерот за „не“ уште на почетокот, освен Аца Лукас. Ја оставил да фалшира до крај, а публиката останала шокирана од неговата одлука.

„Гласав за тебе затоа што мислев дека ќе се поправиш, но не отпеа добро“, рекол Лукас и ги запрашал останатите членови на жирито дали нејзиниот глас ги потсетува на некој.

Тогаш рекол: „Има ист глас како Јелена Карлеуша“.

Новинарите од Alo.rs се обиделе да добијат одговор од Карлеуша, но не успеале. А Лукас рекол дека само се шегувал.

„Јас само се шегував. Не мислев ништо лошо. Јас само се шегував. Не мислев ништо лошо.Јас само се шегував. Не мислев ништо лошо“, повторил неколку пати пејачот.

- Реклама -