Карлеуша се пофали: Дизајнирав маица

По сезоната на концерти, српската поп-дива Јелена Карлеуша се посвети на дизајнирање облека.

Се’ повеќе музичари од српската сцена, пристапуваат во светот на модата, па ниту популарната Џеј Кеј не одолеа на ваквиот тренд и веќе во јавноста се пофали со маица која самата ја дизајнираше.

Јелена на Twitter објави фотографија од парчето облека, заедно со обраќање до фановите дека во иднина на овој бизнис ќе му посвети многу повеќе внимание:

„Да ви се пофалам, дизајнирав маица. Се надевам дека во иднина, покрај музиката, ќе имам и повеќе време за мојата модна линија JKwear“ – напиша пејачката под сликата.

Jelena-Karleusa-Tviter

- Реклама -