Николас Кејџ дозна: Баш ми е убава фотографијата на српската Биологија

Николас Кејџ неодамна дозна дека негова фотографија се наоѓа на српски учебник по Биологија за осмо одделение.

Новинарката Наталија Милетиќ направила интервју со холивудскиот актер во Берлин.

nikolas kejdz

„Не знам зошто сум на насловна страна на учебник по Биологија и која е позадината на таа приказна, но фотографијата е убава, Холи и јас изгледаме добро на фотографијата, а тука е и бебето. Слатко е“, рекол Кејџ.

Инаку фотографијата на учебникот е од филмот „Raising Arizona“ од 1987 година.

RaisingArizona_13

- Реклама -