Гога призна: Свекрвата ме исфрли од станот на Игор

Гога се вратила во станот во кој живеела со покојниот сопруг Игор за да си ги земе нејзините работи, но свекрвата Зорица не сакала да ја пушти внатре, па морала да интервенира полицијата.

Несогласувањата меѓу српската пејачка Гога Секулиќ и семејството на нејзиниот сопруг Игор Рамовиќ, кој почина од рак пред 40 дена, испливаа на виделина. Свекорот не ја прифатил како член од семејството, додека свекрвата ја исфрлила од станот во кој живеела заедно со Игор.

Фото-Наше новине
Фото-Наше новине

Гога неодамна изјави дека родителите не биле покрај Игор кога му биле најпотребни и со тоа предизвика бруна рекација кај нив. Таа на својот Фејсбук профил потврди дека свекрвата ја исфрлила од станот и рекла дека многу и е срам поради тоа и дека е уморна од борбата.

Кога Гога пристигнала во станот во кој живеела со Игор да ги земе своите работи, налетала на заклучена врата, а внатре била свекрвата Зорица. Гога тропала и молела да и отвори, а потоа повикала полиција. Откако вратата била разбиена таа влегла внатре.

Zoran-Ramovic-1
Зоран Рамовиќ/фото-telegraf.rs

Неодамна таткото на Игор, Зоран, за српскиот весник „Ало“ изјави дека никогаш не ја прифатил Гога како член на семејството и дека таа не му јавила за смртта на синот, туку дознал од пријатели.

- Реклама -