Северина го објави новиот спот за песната „Оставена“

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ на официјалната страна на Фејсбук го објави видео спотот за „Оставена“. Музиката и текстот се на Северина, а песната е дел од албумот „Добредојде во клубот“.

seve

„Оваа песна е посветена на сите жени. Музиката и текстот ги напишав кога бев бремена. Тоа се тие мои мали и херметички мелодии со текстови наменети за сите жени, како своевидно продолжување на песните „Поглед под око“ или „Што ме прашуваш што ми е“. Сите кои го преслушаа албумот ме молеа да снимам спот за неа. Мислам дека емоциите на концертот во загребска Арена беа на највисоко ниво и затоа за видеото одлучив да ја искористам снимката од тој концерт. Мене тоа многу ми се допаѓа“.

Погледнете го спотот

- Реклама -