Познатата пејачка со специфична боја на глас, Мараја Кери беше главна ѕвезда на вчерашната гала вечер во Њујорк.
На свечената гала „Fresh Air Fund Gala Honoring Our American Hero“ се собраа многу ѕвезди, но никој немаше шанси кога се појави Мараја во фустан со деколте.
Пејачката го промовираше и новиот албум „Me. I Am Mariah“ кој е во продажба, а во фустанот Версаче никој не можеше да се фокусира на нешто друго. Пејачката и на својот Инстаграм објавила фотографии од подземна железничка како се смее со своите колеги. Патувањето со јавен превоз не е секојдневие за дивата, но излгеда дека одлично се забавува.