Винченцо Перуџа работел во најпознатиот музеј во светот – Лувр. Во 1911 година тој успеал да ја украде Мона Лиза на Леонардо да Винчи и со тоа го изгравирал своето име во срамната историја на светот засекогаш.
Платното било украдено по неговиот петгодишен престој во музејот. Недостатокот на големата слика го открил уметникот Луи Беру наредниот ден. Поради истрагата, музејот бил затворен една недела, а мерките за безбедност биле стегнати. Меѓу сослушаните бил и самиот Пабло Пикасо.
Откако Лувр ги отворил вратите, десетици илјади посетители се собирале само за да го видат празниот простор на ѕидот, оставен од Мона Лиза. Подоцна таму била закачена слика на Рафаело, за која се смета дека била под влијание на платното на Леонардо да Винчи.
За сликата била распишана награда, но таа никогаш не се појавила. Во меѓувреме, Мона Лиза била скриена во куфер со двојно дно во живеалиштето на крадецот во соседството на Париз. Таму поминала две години. Перуџа се престрашил и испратил писмо на трговец на слики во Фиренца во 1913 година. Во него тој со потпишал како Леонардо и тврдел дека Мона Лиза треба да се врати во својата татковина.
Трговецот направил преглед на сликата заедно со директорот на галеријата, откако Перуџа побарал сума од 500 000 фунти, за да ја продаде. Откако го виделе бројот на Лувр на грбот, тие повикале полиција. Крадецот бил фатен и осуден на седум месеци затвор. Мона Лиза се вратила на своето место во Лувр на 4 јануари 1914 година. Од тогаш таа го напуштала музејот само двапати.