Во Англија тестираат патишта што полнат електрични автомобили

Во Англија почнуваат тестови за кои има надежи дека ќе го зголемат значително растојанието, кое што ќе можат да го минуваат електричните автомобили, благодарение на патишта, кои ги полнат, додека тие се движат по нив.

Во моментов луѓето кои возат Tesla или живеат во близина на место каде што можат да полнат електричен автомобил, се привилегирани. За останатите сопственици на електрични автомобили, сепак не може да се каже истото, бидејќи тие не можат да изминуваат многу големи растојанија со едно полнење, пишува Mashable. Од Highways England објавија минатата недела дека почнуваат 18-месечен пробен период на лентите за полнење на електрични автомобили. (Тестовите се уште нема да се одвиваат на јавни патишта.)

lenti2

За време на тестирањата, автомобилите ќе користат безжични технологии, а под платното за движење ќе биде инсталирана посебна опрема со цел да личат на условите на автопатите. Електричните кабли под површината ќе создаваат електромагнетни полиња за генерирање на електрична енергија. Тестовите се очекува да се случуваат подоцна во текот на годината, а повеќе детали се очекуваат по изборот на компанијата што ќе се најде во улога на изведувач. Потоа евентуално ќе има тестови и на јавни патишта. Според министерот за транспорт, Ендрју Џонс „Владата ќе издвои 500 милиони фунти во следните 5 години, за да може Велика Британија да биде лидер во овие напредни технологии.“

Споменатите, не се први тестови од овој тип. Во Јужна Кореја има 12-километарската делница, која ги полни електричните автобуси што минуваат по неа.

- Реклама -