Подобрете го вкусот на кајганата на следниве пет начини

Уживајте во богатиот вкус и внесете доволно моќни протеини.

Безразлика дали сакате кајганата да биде сува, сочна или нешто помеѓу, можете да се обидете со мали промени во подготовката со цел да го подобрите вкусот на јајцата.

1. Песто, босилек, сушен домат и пармезан: Можете само да посипете песто на врвот на подготвените јајца или да го додадете за време на пржењето. Потоа, додадете босилек, домат исецкан на кришки и наредете пармезан.

2.  Сирење, млад лук и печурки: Исечете на ливчиња една дланка печурки и динстајте додека не добиете браон боја. Додадете ги јајцата, пржете додека не се соединат со печурките, а на крајот на врвот посипете од изренданото сирење и сецканиот лук.

3. Сланина, кашкавал и праз: Додека се пржи сланината, продинстајте го празот на путер додека не стане проѕирен и стакленкаст, односно додека не започне да добива кафеавкаста боја. Потоа додадете ги јајцата и пржете додека не се соединат со празот, а на крајот додадете ги пропржените парчиња сланина и кашкавал.

4. Пипер, лук и колбасица: Пропржете ја колбасицата исецкана на парчиња. Потоа ставете ја во чинија. Испржете свежа, исецкана пиперка заедно со лукот и јајцата. Кога смесата ќе се соедини, нанесете ја врз колбасицата и послужете.

5. Печурки, сирење и морска сол: Подгответе печурки и јајца, како во вториот пример. Кога ќе биде испржено, наредете го сирењето и додадете прстофат морска сол.

- Реклама -