Крцкав и здрав: Совршен помфрит без капка масло

Љубителите на помфритот кои стравуваат да го јадат поради калориите и маснотиите, најпосле можат да издишат – создаден е рецепт за помфрит без масло.
Потребни ви се компири,  жолчки и зачин (по желба).

Излупете го компирот, исецкајте го и истркалајте го во изматените белки, во кои што по желба можете да додадете зачин.

Така подготвениот компир, спуштете го на хартија за готвење, претходно ставена во тепсија.

Компирот печете го додека не зарумени во рерна загреана на 220 степени. Истиот ќе биде крцкав како да сте го подготвиле во тавче или фритеза, но далеку поздрав.

Можете да го служите во комбинација со јогурт или пикантен полнет домат.

Прочитајте и:  „Мрачната тајна“ на познатиот помфрит од Мекдоналдс: Кога ќе слушнете во што се пржи ќе разберете зошто има таков вкус
- Реклама -