Ханс Кристијан Андерсен е дански поет и писател, кој помеѓу 1835 и 1872 година создава над 150 бајки и раскази кои се преведени на околу 125 јазици.
Да се запознаеме со дел од најпознатите цитати на данскиот автор.
1. „Каде што не успеваат зборовите, зборува музиката.“
2. „Животот е како убава мелодија, но текстот е збунувачки.“
3. „Само да живееш не е доволно. Човекот има потреба од сонце, слобода и малку цвеќе.“
4. „Сè што ќе погледнеш, може да стане бајка, а сè до што ќе се допреш – да стане историја.“
5. „Да му бидеш од корист на светот е единствениот начин да бидеш среќен.“
6. „Целиот свет е серија на чуда. Само што ние толку сме навикнати на нив, што ги нарекуваме обични нешта. “
7. „Животот ми е најдобра илустрација на сите мои дела!“
8. „Уживај во животот. Имаш доволно време да бидеш мртов. “
9. „Ти си сонувач и тоа е твојата несреќа.“
10. „Само кога ќе се оддалечиш од планината, можеш да го видиш нејзиниот вистински изглед. Така е и со пријателите.“