Безбојно кафе, за здрави заби

Експертите за убавина и добар изглед постојано предупредуваат дека кафето е непријател на белата насмевка и ги пожолтува забите. Дополнително, забарите постојано „трубат“ дека кафето е лошо за забната глеќ. Но, како што и самите кафехолици знаат, не постои лоша препорака што ќе ги оддалечи вистинските фанови на кафето од уживање во неговиот традиционален вкус.

За да ги поштеди кафеџиите од шетање наоколу со жолти заби, словачкиот претприемач Дејвид Наги најде алтернативно решение – безбојно, проѕирно кафе.

„Идејата за безбојно кафе ми дојде пред две години. Сакав да ја отстранам бојата која ја нарушува забната глеќ“, објаснува кратко иноваторот.

Како што вели тој, неговиот производ е близок до традиционалното кафе, а спротивно на загриженоста на многумина, вели дека нема речиси никаква блискост со енергетските пијалоци.

„Во моето кафе има само природни состојки, не се користат никакви хемикалии или додатоци, само она што е во обичното кафе. Безбојното кафе содржи пржени зрна, вода за пиење и квалитетен кофеин од кафените зрна. Нема шеќери, засладувачи или арома“, вели Наги.

kafa_prozirna2[1]

- Реклама -