Популарната серија Game Of Thrones често ги остава гледачите без збор, благодарение на соодветната комбинација на динамика и заплеткани политички шеми.
Секој од ликовите има поинаков пристап кон лидерството, што понекогаш му носи успех, а друг пат го става во речиси безизлезна ситуација. Современата работна средина не е вметната во условите на митскиот Вестерос (за среќа), но можеме да научиме вредни лекции од перипетиите, низ кои поминуваат ликовите.
Еве неколку типови на лидерство, застапени во серијалот.
Подмолен лидер кој ги брка само сопствените интереси
Пример: Серсеј Ланистер
Оваа дама веројатно би била избрана за лидер, ако народот можеше да гласа. Таа знае како да издвои победа, но тоа го прави тајно и преку многу интриги. Во денешно време постојат неколку лидери, кои се однесуваат на овој начин. Според студија на APA пример едвај половина од вработените сметаат дека нивните шефови се искрени со нив. За да успее еден бизнис сепак, лидерите треба да изградат атмосфера на доверба и да промовираат отворената комуникација.
Наивно лидер со најдобри намери
Пример: Денерис Таргериен
Денерис сака да носи правилни одлуки за своите луѓе, но младоста и нејзината наивност ја тераат да бара совети на погрешно место. Сепак на прво место ги става луѓето, за кои е одговорна. За секој лидер е исклучително важно да биде оддаден на растот, развојот и благосостојбата на своите вработени. Само така може да ја добие нивната лојалност.
Лидер кој не е особено добар во комуникацијата со луѓе
Пример: Станис Баратеон
Решителен, но не особено симпатичен или дружељубив лидер, често е студен и дистанциран. Високите очекувања го прават премногу критичен. Се разбира, лидерите секогаш сакаат подредените да го даваат најдоброто од себе, но погрешниот пристап кон нив може да ги демотивира. Затоа пофалбата од време на време е исклучително важна.
Млад лидер кој ги инспирира другите
Пример: Џон Сноу
Иако нема многу искуство, Џон Сноу знае како да дејствува правилно. Тој преку личен пример ги инспирира другите да го следат, без разлика колку се ризични неговите потфати. Денешните лидери дефинитивно можат да учат од него. Наместо да заповедуваат, тие треба да работат со своите вработени, да преземат иницијатива и да даваат поволни совети. Сето тоа со цел да се зголеми продуктивноста.
Текстовите во Адвертајзинг се поддржани од Via Marketing.