Корисни сајтови за учење на странски јазици

Постојат бројни предности од учењето на нови јазици – ја подобрувате меморија, добивате пристап до нова литература, станувате подобри во неколку работи истовремено, итн.

Практично, новиот јазик ви обезбедува нов прозорец кон светот. Сепак, не сите луѓе учат на исти начин. Затоа во листата подолу ќе најдете четири сајтови за обука, кои би требало да ги задоволат различните потреби.

1. За луѓето со подобра визуелна меморија

Memrise користи научни методи за интегрирање на нови информации. Постојано го испитува корисникот, за да се увери дека лекциите се апсорбираат.

Сајтот користи „ретроспективни” картички. Тие се служат со достапните знаења, за да ни помогнат да научиме нови зборови. На овој начин создаваме светли сензорни спомени, што е идеално за луѓето кои имаат подобра визуелна меморија.

1_16

2. За луѓето кои имаат потреба од строг и добро организиран систем

Duolingo ве учи на нов јазик во форма на игра. Ова е интерактивен и навистина забавен сајт. Се е добро структурирано и јасно објаснето.

3. За оние кои учат, слушајќи

Busuu  нуди лекции, базирани врз дијалози, аудио записи и опционални писмени вежби. Содржината се обезбедува од вистински професионалци. Таа е јасна и лесна за разбирање.

Сајтот дури и ви овозможува да се поврзете со неколку интерактивни сесии со луѓе, за кои јазикот, кој го учите, е мајчин.

4. За оние кои учат преку социјализација

Livemocha е еден од најголемите интерактивни сајтови за учење на странски јазик. Корисниците добиваат поени, учат нови работи и им помагаат на другите, оценувајќи ги нивните вежби. Ако пројавите желба, можете дури и да си најдете партнер за учење на новиот јазик. Колку повеќе сте корисни за другите, толку повеќе поени ќе добиете.

Во Livemocha корисниците можат да добијат пристап до виртуелни лекции или да побараат онлајн сесија со приватен учител. Со своите разговорни опции и покани за пријателства, интерфејсот наликува на Facebook.

2_33

- Реклама -