Мажите знаат многу малку за месечниот циклус. Дали е тоа по нивна желба, или пак менструацијата е некој вид табу тема, тешко дека ќе дознаеме. Сепак, секогаш е добредојдено да се научи нешто ново.
1. Циклусот продолжува од два до седум дена.
2. Во повеќето случаи – од пет до седум дена.
3. Многу жени имаат потреба од чоколадо за време на циклусот.
4. Ако се прашувате колку точно боли, обидете се да замислите мало, гадничко суштество во долниот дел на стомакот, што злобно се обидува да ископа пат низ цревата и да излезе надвор, низ утробата. Боли, нели?
5. Тестот за бременост дава резултат шест дена по доцнењето на циклусот.
6. Понекогаш мислиме дека сме бремени, без тоа реално да е така. Најмногу тогаш кога ги имаме симптомите за циклус, а истиот упорно доцни -веројатно затоа што има слични симптоми меѓу двете состојби.
7. ПМС значи “предменструален синдром”.
8. За целиот свој живот користиме околу 11 000 влошки.
9. Контрацепцијата треба да се зема секој ден во исто време.
10. Како дејствуваат пилулите: користат хормони, за да го измамат телото дека веќе сме бремени, па не можеме да забремениме.
11. Што се случува кога пиеме контрацепција: пиеме пилула секој ден во текот на три недели.
12. Потоа застануваме за 5 дена.
13. Телото престанува да мисли дека е бремено и поради оваа причина циклусот доаѓа.
14. Не е забранет сексот за време на оваа пауза (но за поголема безбедност, можеме да преземеме дополнителни мерки на претпазливост).
15. Пилулите го продолжуваат дејството до една недела откако сме престанале да ги пиеме.
17. Менструалната крв не е само крв – ние буквално исфрламе слузницата на матката.
18. Циклусот не ги привлекува мечките.
19. Ниту ајкули.
20. Тампоните се продаваат во четири големини: light, regular, super и super-plus.
21. Димензиите се во зависност од јачината на крварењето.
22. Плачењето, расправањето и константните болки не и се случуваат само на вашата девојка.
23. Кога ќе ни дојде за време на патување, не е намерно 😉
24. Не е срамота и мажите да купуваат тампони.
25. Менструалната крв е природен лубрикант.
26. Градите, стануваат многу почувствутелни, па болат при силен допир.
27. Можно е да се забреми и за време на циклус.
28. Првиот ден претпочитаме да го поминеме во кревет.
29. Вообичаено девојката добива прва менструација на околу 12 годишна возраст.
30. Кога велиме “Речиси ми заврши”, се уште не е сосема готово.
31. Сексот за време на циклус може да се ублажи болките, иако ретко која жена го посакува.
32. Алкохолот ја прави менструацијата 10 пати полоша, најмногу поради хормонските промени.
33. Женска солидарност: Никогаш нема да одбијат да позајмат влошка, ако на некоја девојка и е неопходна.
34. жените можат да доживеат оргазам и кога имаат менструален циклус.
35. Жените поминуваат просечно 3500 денови од својот живот во циклус.
36. Крвта која истекува во текот на целиот циклус, е само околу една чаша.